Некогаш ќе ви се случи неправда во која полицијата едноставно не може да ви помогне, се’ додека не се докаже спротивното. Токму тоа го направил Џошуа Кауфман од Калифорнија.
Во неговиот стан во Њујорк, од прозорот влегол крадец кој му го украл лаптопот и малку накит кој Џошуа го имал кај себе.
Кауфман веднаш ја контактирал полицијата, која неговата пријава ја сметала за пријава од низок приоритет.
Стравувајќи дека полицијата нема да му пружи адекватна помош, Кауфман се сетил дека на лаптопот ја има инсталирано безбедносната програма “Хајден“, која функционира по принципот да го следи украдениот лаптоп, со помош на триангулација на неговата моментна положба и фотографирање по пат на вградената камера.
Првите неколку дена Кауфман будно ја следел ситуацијата дали нешто ќе се појави на наведената програма, која ја инсталирал и на друг лаптоп, а тогаш почнале да пристигнуваат фотографиите.
“Бев вчудоневиден. Програмата навистина функционира!“, изјавил Кауфман.
Веб камерата од неговиот украден лаптоп направила неколку фотографии на маж кој го користел лаптопот во автомобил, прегледувал спотови на “Јутјуб“ и ги менувал административните податоци во компјутерот и си го користел својот “Фејсбук“ профил.
Кауфман сликите ги објавил на Интернет под наслов “Овој човек го има мојот “Мекбук“, и веднаш потоа добил многу фанови и голема поддршка.
Тука се вклучиле и локалните медиуми а полицијата тогаш веднаш морала да реагира а истрагата почнала да се движи со брзина на светлината во нагорна линија.
Полицијата се извинила на Кауфман, а вчеравечер тој добил информација дека благодарение на неговите докази, крадецот бил уапсен.
Извор: Нетпрес