
За разлика од претходниот спот за песната Same Girl кој беше разочарување за многу фанови, со новото видео Џенифер Лопез повторно ќе ве натера да не можете да го отргнете погледот, бидејќи спотот изобилува со група разголени и мускулести фраери!
Наместо згодни девојки во бикини овде ќе видите згодни мажи во гаќички за капење, кои освен што танцуваат заедно со пејачката на јахта, мијат автомобил при што предизвикувачки го цедат сунѓерот на своите гради.
Освен што ги третирале како сексуални објекти, девојките во спотот заедно со латино дивата “сексуално ги вознемирувале“ разголемите фраери, ги штипкале за задникот, им ги соблекувале гакичките и им ги пунеле со шампањ.



httpv://www.youtube.com/watch?v=c4oiEhf9M04