
Доколку се пронајдете себеси во следните ситуации, тогаш несвесно си нанесувате огромна штета и негативно влијаете на вашето ментално здравје. Можеби се чувствувате добро, но последиците кога – тогаш ќе излезат на виделина.
Затоа, преземете нешто и погрижете се за менталното здравје.
Перфекционизам
Добро е да имате високи стандарди и очекувања, но претераниот перфекционизам предизвикува низа здравствени проблеми поврзани токму со менталното здравје. Не можете секогаш да бидете перфектни. Стремете се кон своите цели, но научете дека и грешките се дел од животот. Најважно од сè, научете да уживате во она што го правите, без да очекувате совршенство. Патувањето е поголемо уживање од дестинацијата.
Затворен простор
Луѓето кои најголем дел од денот минуваат во затворени простории се многу подложни на нарушување на менталното здравје и многу лесно може да западнат во депресија, да се чувствуваат вознемирено и фрустрирано.
Најдете време за прошетка, барем 15 минути дневно. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои шетаат на мирни места (паркови, планини…) се многу посмирени и позадоволни од оние кои престојуваат во затворен простор или пак шетаат низ бучните градски улици.
Работа и само работа
Работата е важна и неопходна, но во животот има многу поважни нешта од работата. Размислете кои се вашите цели, колку време посветувате на работата, а што притоа пропуштате во животот. Најдете време и за малите нешта од кои се состои животот.
Песимизам
Негативното размислување е најголемиот непријател на менталното здравје. Животот сам по себе понекогаш е тежок, но гледањето на нештата од посветлата страна ќе ви донесе мир и здравје. Смеењето е здравје, затоа, насмевнете му се на животот. Секоја тешка ситуација има решение, потребна е само малку верба и храброст за да се пронајде.
Сам свој пријател или непријател, изборот е само ваш.