
Според весникот Gloub, британската кралица Елизабета Втора одлучила ова лето да абдицира и како нов владетел на кралството да биде крунисан Вилијам, војводата од Кембриџ.
Според весникот, наместо принцот Чарлс и неговата сопруга Камила, новиот крал и кралица ќе бидат Вилијам и Кејт.
Изгледа дека кралицата Елизабета во изминатите години внимателно ги следела „четворицата играчи” и дека донела конечна одлука кому ќе му го остави наследството.
Инаку, по кралицата Елизабета, принцот Вилијам, носител на титулата војвода од Кембриџ, гроф од Стратхорн и барон од Карикфергус, е најпопуларен член на кралското семејство, покажале истражувањата од 2012 година.