
Баблс бил тепан и злоставуван, сигурна е светски познатиот стручњак за шимпанза Џејн Гудал (79).
Таа се обидела за тоа да поразговара со Мајкл, но тој се налутил . Таа вели дека директно не го обвинила за слоставување на својот љубимец, но како што истакнува бил одговорен за него.
Џек Гордон, поранешен сопруг на сестрата на Мајкл, Ла Тоја Џексон, тврди дека познатиот пејач го удирал Бабалс во стомак.
– Гледав Мајкл како го удира Баблс во стомакот. Често знаеше да каже :„Тој не чувствува ништо. Тој е шимпанзо. Мора да го дисциплинирам” – изјавил Гордон.
Баблс го надживеа Џексон кој почина во 2009 година. Сега 28-годишното шимпанзо живее во азил за животни во Флорида.
