
Тој има мускули со обем од 68 сантиметри, а во својот роден крај Олинда е познат под прекарот „Планина”. Два месеци тој вбризгувал по трипати неделно коктел од масло и алкохол за да го постигне овој изглед.
Претходно, 43-годишниот бодибилдер чиј идол му е Арнолд Шварценегер, користел коктел од стероиди, хормони и коњски витамини, а потоа додека вежбал во вежбалница му го понудиле овој смртоносен коктел од кој веќе има починато еден негов пријател.
„Некои луѓе поради коктелот ја губат раката, на некои им е потребна операција, а други умираат. Мојот пријател Паулињо почина од овие работи. Тој ги премина сите граници. Не им препорачувам на луѓето да го користат коктелот”, вели Арлиндо додавајќи дека сега престанал со користењето на отровни супстанции во мускулите.
„Тело како моето е навистина тешко да се добие без дополнителни супстанции. Некои луѓе ги користат, но не го признаваат тоа. Ако видите некој со градба како мојата и ви тврди дека телото му е природно, ве лаже. Јас барем ја кажувам вистината”, признава Арлиндо.
httpv://www.youtube.com/watch?v=lIlL-ibwOlA
