
Магичниот остров Капри е дестинација за одмор уште од антички Рим. И до ден денес со својот пармантен природен амбиент, островот привлекува голем број туристи. Едно од најдобрите места во кое може да останете доколку сте на Капри е „J.K. Place Capri hotel“.
Се наоѓа на карпа која има совршен поглед на целиот остров и Средоземното море, со совршено декорирани и елегантни соби. За луѓето со подлабок џеб и кои сакаат малку поголема ексклузивност, на последниот спрат на хотелот се наоѓа пентхаус, со просторна тараса и магичен поглед.











