
Засега се сомнева дека е самоубиство, но истрагата е во тек. Телото го пронашол нејзиниот асистент и ја повикал полицијата.
Ловрен Скот е дизајнерка која била во доцните 40-ти години. Таа 13 години е во врска со фронтменот на Ролинг Стоунс Мик Џегер, кој моментално се наоѓа на турнеја во Австралија.
Портпаролот на Џегер изјави дека пејачот бил шокиран и скршен кога дознал што се случило.
Само еден час пред веста за нејзината смрт, Скот била активна на службениот профил на Твитер, каде и се заблагодарила на дизајнерката којa пофалила некој нејзин фустан.