
Јас сум голем противник на тетоважи, но ако мојот син сака да личи на гуштер, негова работа, нека прави што сака – изјавила Цеца Ражнатовиќ. Што да му правам? Мене многу работи не ми се допаѓаат, но во нашиот дом владее демократија. Ги почитувам нивните одлуки и ставови.
Пејачката додала дека Вељко многу очекува од полнолетството и со нетрпение го очекува својот роденден во декември.
Моите деца се подготвуваат веќе 5 години за полнолетство. Веруваат дека кој знае како ќе им се смени животот. И јас така размислував на нивни години, а кога дојде тој ден, сватив дека е најдобро да се биде дете и да се биде кај мама и тато.
