
Кога Ари Теман за викенд го изнајмил својот стан во Њујорк очекувал дека мажот на кого му го изнајмил својот стан и неговото семејство пристојно ќе се однесуваат за време на престојот.
Но не било така. Теман без да знае се согласил неговиот стан да биде место за луди оргии каде меѓу останатото затекнал неколку дебели жени и плишани играчки.
Изнајмувањето на станови преку Аирбниба е вообичаена пракса, а Давид Картер на кого му бил изнајмен станот бил оценет со највисоки оценки па затоа и немало причина за сомнеж. Картер најавил дека во станот ќе биде заедно со негови роднини кои во Њујорк доаѓаат поради свадба.
Сепак се испоставило дека неговите “роднини“ се пријавиле на огласот на Картер на Твитер каде ги поканил сите заинтересирани, а особено “големи и убави дами“ да дојдат на оргијата во станот на Теман, кој кутриот појма немал за тоа.
Теман сосема случајно ги открил вистинските намери на Картер кога накратко се вратил во станот за да си земе нешто што заборавил. И имал што да види! Картер, неколку дебели жени и неколку плишани играчки во неговата спална соба!

И сето тоа се пренесувало во живо на интернет!