Писмото до дебелата девојка: Малиот чекор што ќе го направиш е дупло потежок од мојот!

popara18 март, 20141min00
21

Кога Фејсбук статусот започнува со “дебела“ се претпоставува дека станува збор за навреда, но овде во прашање е нешто сосема друго. Статусот ви го пренесуваме во целост, исто онака како што се појави на интернет.

До дебелата девојка која синоќа трчаше на патеката…

Тебе на која стапалата едвај ти се одвојуваат од земјата додека трчаш по патеката…

Ти која се движиш на крајот на патеката и се влечкаш во погрешен правец…

Ти која застануваш да се напиеш вода после секој круг, и која веројатно би застанала и два пати ако имаше две чешми на патеката…

Ти која ја наведнуваш главата кога ќе се разминеш со нас…

Тебе на која облеката и е упиена со пот после само 20 минути трчање…

Постои нешто што би требало да го знаеш! Ти си заебано сјајна!

Секој мал чекор што ќе го направиш носи дупло повеќе терет отколку мојот најголем. Секој круг што ќе го истрчаш го плаќа долгот на оние полноќни ужинки, десерти, пивце, грицки…

Надвор има 40 степени но ти не дозволи тоа да го поремети твојот план!

Ова не е твојот прв ден на патеката, а нема да биде ни последен!

Ти започна патување што ќе трае цел живот, а тоа започна барем 12 дена пред било кава новогодишна одлука!

Трчаш без музика и можам само да замислам какви мисли ти поминуваат низ главата додека ја носиш својата килажа, која од овој момент почнува да се намалува, и како се тераш да издржиш и да истрчаш уште еден круг. Ајде стапала. Молчете нозе. Сало еби си мајката!

Само ако го подигнеш погледот додека трчам покрај тебе би сватила дека во мојот поглед нема ни трошка понижување. Во мојот поглед за тебе има само почит. Ти го можеш тоа!

Кога луѓето се полоши од тебе во она што го прават, не ги осудувај! Цени го тоа што и понатаму покрај се, се трудат! Не споредувај го својот почеток со нечија средина. Сите ние сме поинакви и сме на различен стадиум во животот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *