
Ако просечниот европеец би требало да ја опише Патагонија, а тоа да не звучи клише, таму територијата е непристапна, се наоѓа на крајот на светот и е постоијано изложена на суров ветер, лоши патишта, планински венци. Таа територија ја поркива половина од Аргентина, а исто толку и од Чилеанската територија и во себе крие безброј чудесни тајни, како древни глечери, засташувачки планински масиви, неприлагодени патишта, недопрена флора и фауна, и да ги напоменеме трагичните судбини на Индијанците и возбудливата животинска приказна на доселениците во овој дел од светот.
Патагонија ја открил португалскиот истражувач Фернандо Магелан во 1520 година. Од списите на Магелан, има информации дека живееле високи и корпулентни Индијанци, кои ги нарекол Патагони, односно луѓе со големи стапала. Од тука и е името Патагонија.









