
Apple објави дека на пазарот ќе пласира нова поефтина верзија на својот iPhone 5C кој ќе има 8 гигабајти меморија. Најпрво овој модел прво ќе се појави во Велика Британија, Австралија и Кина. Неговата цена во Англија ќе изнесува отприлика 429 фунти (околу 511 евра), што е за 40 фунти поефтино од моделот со 16 GB. Доколку Apple одлучи најефтиниот модел во својата понуда да го продава и во Америка, цената најверојатно ќе падне на 360 евра.
Најновиот iPhone 5C е идентичен со оној кој се појавил во Октомври минатата година, доколку не ја земеме меморијата во предвид. Има Retina дисплеј од четири инчи, A6 процесор и камера од осум мегапиксели. Исто така, се појавиле гласини дека овој модел ќе го замени 4S, но тој сеуште е во понудата на Apple.
Појавата на поефтиниот модел, со помалку меморија, покажува дека компанијата не е баш задоволна со продажбата на моделот 5C, независно од тоа, овој телефон и понатаму подобро се продава од моделот 4S.
