Никола Тесла работел на безжичен пренос на електрична енергија, а професорите од МИТ универзитетот судејќи според се го завршиле одамна започнатиот проект. Струјата без никави жици овозможува полнење на нашите телефони во џеб, телевизорите ќе работат без кабли, а електричните автомобили ќе се полнат на паркинг.
Професорите од МИТ универзитетот создале изворен резонатор – калем од електрични жици кои ќе создаваат магнетно поле кога ќе биде приклучен на енергетски извор. Доколку друг калем се најде во близина, струјата во него ќе се создава автоматски и тоа без никави жици.
Доколку ова се реализира за некоја година, генерациите кои доаѓаат никогаш нема да користат кабли и жици со цел да приклучат или наполнат некој уред.
httpv://www.youtube.com/watch?v=wbCUMhkEhTo