Вообичаено жената не се чувствува доволно еманципирана, или пак не и се допаѓаат некои работи кои мажот ги прави. Често се случува тоа што е лошо мажот да и го каже на жената или да и направи, доколку жената така се однесува спрема мажот е во ред и никој нема да и замери.
Извадени се низа ситуации кои на понежниот пол му одат во прилог, додека мажите мора да се повлечат.
- Жените можат да се гушкаат, да се држат за рака, да се бакнат во образ без да се чувствуваат непријатно, додека за мажите општествено прифатливата граница е да се поздрават со една рака и евентуално да се потапкаат по грбот.
На мажите ова им е јасно уште од раѓање, освен ако се игра некаков спорт или се работи за физички конфликт, но секогаш се знае каде е жолтата линија.
- Ако видете две жени како танцуваат заедно тоа ќе го доживеете како најнормална работа. Замислете сега двајца мажи како танцуваат заедно.
- Ако жената каже дека сите мажи се гадови, никој нема ништо да коментира, па дури имаат и поддршка за изјавите, а ако маж каже дека сите жени се покварени, веднаш ќе биде прогласен за сексист.
Да нагласиме, ниту една од овие изјави не е точна и не смее да биде општествено прифатена, но во западната култура на жените им е дозволено да го навредуваат машкиот пол, додека спротивната ситуација е тотално не прифатена.
- На жените им е дозволено меѓусебно да си делат комплименти, што е крајно геј ако го направат мажите. Апсолутно не е необично ако една жена на друга ѝ каже дека фустанот ѝ е прекрасен, дека е убава, секси или слатка. Како би звучело ова доколку еден маж му го каже на друг?
- Некогаш машката облека била само за мажите, денес не е забрането и не е ништо чудно доколку видете жена во машка облека. Исто е и со обувките, истите и да наликуваат на машки не е ништо страшно доколку ги носи жена. А ние мажите?