“Lean Machine е основано како нискокалорично, регенеративно пиво за после вежбање”, напиша компанијата Vampt.
Пивото не содржи глутен и има само 77 калории. Состојките во него, помагаат за обновување на мускулите, обезбедувајќи електролити, антиоксиданси и подобрување на имунолошкиот систем, исто како и други спортски пијалoци кои го обновуваат телото после тешкиот тренинг.
Иако Lean Machine соддржи 0,5% алкохол, што е само за малку повеќе од безалкохолните пива, како O’Doul’s и Beck’s, основачот на Vampt – Иан Тоус, вели дека се надева дека пијалокот ќе им се допадне на љубителите на пиво, кои тренинзите ги гледаат сериозно.
Пивото ќе се произведува во Калгари, Западна Канада и ќе биде пуштено на пазарот оваа пролет.