Хонг Конг е азиската метропола која како наменски да е направена за да се фотографира.
Од која страна и да се разгледува, за многумина збунувачки град ќе го претстави најдобриот профил, најубавите елементи и пејсажи, декорирани со модерни облакодери кои се накитени со неонски реклами. Овој град на кој турист и да дојде, секогаш му се допаѓа уште на прв поглед.
Во оваа метропола покрај динамичниот и живиот ден кои трае 24 часа, седум дена од неделата, се наоѓа и една чудна тишина и мир. Хонг Конг во исто време е хаотичен и добро организиран, густо населен, претерано чист и сигурен, направен од стакло и челик, опкружен со мермер, плажи и зеленило.
Хонг Конг е дестинација која не воодушевува со своите контрасти. Во еден момент се наоѓате во мала непрегледна улица, која е преполна со продавници и ефтини работи, а на следната како да сте телепортирани во друга галаксија, се наоѓате пред модерен трговски центар со современа архитектура и во која уживате.