Кога барем само на момент, Бог би заборавил дека сум закрпена марионета и кога би ми подарил само уште едно крпче живот: ВРЕМЕТО би го искористил многу подобро и поинтензивно.
Најверојатно не би кажал се’ што мислам, но би размислил што зборувам. Би ги оценувал работите не според нивната вредност, туку според нивното значење.
Помалку би спиел – повеќе би сонувал, затоа што во секоја минута во која затвораме очи, губиме 60 секунди светлина. Би продолжил кога другите ќе застанат, би бил буден кога другите спијат.
Кога Бог би ми го подарил тоа парче живот, едноставно, би се сончал долго, не само моето тело, туку би ја отворил и мојата душа.
На луѓето би им докажал дека се лажат кога мислат дека не можат да се заљубат кога ќе остарат. На едно дете би му подарил крила, но би му препуштил само да научи да лета. На старите би им порачал дека смртта не доаѓа со староста, туку со заборавот.
Од вас драги мои научив многу работи. Научив дека целиот свет брза кон врвот на брдото за да живее од високо, без да знае дека вистинската среќа лежи во подножјето на брдото.
Научив дека кога новороденче за прв пат ќе го допре палецот на татко си, дека го врзува за цела вечност, засекогаш.
Научив дека човекот има право да гледа на другиот од високо само кога му помага да стане.
Има толку многу работи кои ги научив од вас, но наученото нема да ми помогне многу кога ќе лежам во ковчегот – за жал веќе полека умирам.
Кажи секогаш што чувствуваш и направи го она што го мислиш.
Кога би знаел дека денес ова ми е последен оброк, силно би ве прегрнал и би го замолил Бога да ми дозволи да бидам ангел – чувар на вашата душа. Кога би знаел дека ова се последните минути во кои ве гледам би ви кажал “ве сакам!“.
Секогаш постои едно утро и животот ни нуди една прилика за да направиме се’ да биде подобро… но, што ако се лажам и ако Денес е се’ она што ни останало.
Утре не се знае дали ќе дојде. Денес може да биде последен пат да видиш некого кого сакаш. Заради тоа – не чекај! Направи го тоа сега, затоа што ако не дојде утре, ќе зажалиш за денот кога не си имал време за една насмевка, прегратка, бакнеж , само затоа што… затоа што си бил вработен!
Побарај ги луѓето кои ги сакаш, шепни им колку ти се потребни, сакај ги и биди добар. Најди време да им кажеш “Жал ми е“; “фала“, “те сакам“ и сите останати нешта кои ги мислиш.
Никој нема да те запомни по твоите скриени и тајни мисли. Замоли го Бога да ти даде сила и мудрост за да можеш да изговориш се.
Кажи им на пријателите и на драгите луѓе колку ти се важни.
Она што е вредно е ОВОЈ ЧАС И ОВОЈ МОМЕНТ!
Габриел Гарсија Маркез