Без разлика колку некој те повредил, пред да помислиш да се одмаздиш, прочитај го ова, па после ако сметаш дека треба, одмазди се!
1. Одмаздата е уживање за ситните и слабите души.
2. Одмаздата е слатка, послатка од животот.
3. Одмаздата е секогаш последица на слабост на оние кои не можат да поднесат неправда.
4. Простувањето е најкомплетна одмазда.
5. Ако сакаш да се одмаздиш, почни да копаш два гроба.
6. Оној кој се препушта на заносот на одмаздата е поголем виновник од оној на кој му се одмаздува.
7. Оној кој подготвува одмазда си прави лошо на себе си, затоа што станува зол.
8. Оној кој се осветува не ги лечи своите рани. Тие би оздравеле кога тој не би го правел истото.
9. Живеј добро, тоа е најдобра одмазда.
10. Во одмаздата и во љубовта, жената е поголем варвар од мажот.