Свекрво, бакни ми го задникот!

popara17 јануари, 20151min00
3

Во сообраќајна несреќа мажот останал без дел од кожата на лицето, а неговата жена се понудила да му пресадат дел од нејзината кожа. Меѓутоа единственото место од каде лекарите можеле да извадат кожа бил нејзиниот задник.

Мажот и жената се договориле дека нема на никого да кажуваат од каде е земен “материјалот“ за операција и ги замолиле лекарите да ја чуваат нивната тајна. Сепак станувало збор за мошне деликатно прашање.

Откако излегол од болница луѓето не можеле да се изначудат од изгледот на неговото ново лице. Изгледал дури поубаво од претходно. Сите пријатели и роднини ја фалеле неговата младалачка убавина…

Еден ден кога мажот останал насамо со својата жена и кога го преплавиле емоции поради нејзината жртва, и рекол: Драга моја, сакам само да ти се заблагодарам за се што направи за мене. Како можам да ти се одолжам – ја запрашал.

Драг мој, одговорила жената: Мене ми е доволно тоа што секој пат гледам како твојата мајка те бакнува во образ….“

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag