Таксист ја нападнал Фифи: Ти си брука за твоите родители!

popara20 март, 20141min00
19

Бившиот учесник на Икс Фактор Филип Јаневски Фифи неодамна се соочил со темната страна на својата популарност, кога еден таксист во Белград почнал да го навредува и одбил да го однесе на бараната адреса и дури го исфрлил од возилото.

Неодамна Фифи ја сними песната “Намерно“ која беше промовирана на ТВ Пинк, па после излегувањето од зградата на телевизиската куќа доживеал непријатно изненадување.

Ми рече дека сум брука за моите родители, не сакаше да ме вози, се дереше и ме навредуваше. Ми рече дека не сум нормална и дека треба да се засрамам! – изјавил Јаневски.

После жестоката караница таксистот го исфрлил од своето возило. Младиот пејач на крајот шокиран повикал пријателка да дојде да го земе.

Foto: Tv Pink

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *