
Кети Пери се покажа и како неверојатна шефица која на своите најблиски соработници им купи нови автомобили. Секој од автомобилите го платила по 100.000 долари, а изборот падна на луксузните спортски електрични возила од фирмата “Fisker Karma”, бидејќи, како што вели самата за себе, еколошки е освестена. Најмногу и се допаѓа што тие автомобили не испуштаат јаглен диоксид, кој е директен загадувач на воздухот. Моделот кој го одбра Кери за своите соработници во 2012 година Top Gear го прогласи за автомобил на годината.