
Војната на старлетите продолжува! Овој пат, во центарот на скандалот се нашол бизнисмен од Врање, Драгољуб кој оди од рацете на Сораја во рацете на Станија.
Сораја пред неколку месеци е уловена како разменува бакнежи со Драгољуб после заедничката вечера. Врската траела толку долго, колку само да се дознае, а потоа старлетата го шутнала бизнисменот бидејќи не и кажал дека е во брак.
Драгољуб очигледно утеха се обидел да најде во Станија или не…
Станија и Драгољуб се видени како излегуваат од ресторан, а потоа влегуваат во кола. Иако постојат очигледни докази дека старлетата и бизнисменот се познаваат, тој тврди дека никогаш во животот не ја видел и додава дека не сака да го поврзуваат со Станија бидејќи има семејство.
Кој кого лаже?
httpv://www.youtube.com/watch?v=PjEvIT_R8y8