
Првата посета во притвор нарко босот Дарко Шариќ ја прими во текот на денешниот ден. Утрово околу 9 часот го посетила сопругата Лана Поповиќ со синот.
Според правилата кои важат за сите притворени лица, тие имале право да се задржат еден час.
Шариќ е уапсен во вторникот, а се очекува да се појави пред Специјалниот суд на 24 март, за кога е закажано продолжението на судењето на сите припадници на неговата криминална група, кои се теретат за шверц на неколку тони кокаин.
