
1. Напишете име на личност од спротивниот пол од вашиот.
2. Која од овие бои ви е фаворит: црвена, црна, сина, зелена, жолта?
3. Која ви е прва буква во името?
4. Вашиот месец на раѓање?
5. Црна или бела?
6. Напишете име на личност од вашиот пол.
7. Омилен број.
8. Езеро или океан?
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
.
Ова се одговорите:
1. Тотално сте вљубени во личност со ова име.
2. Ако одбравте:
– Црвена = вие сте внимателни и животот ви е исполнет со љубов.
– Црна = конзервативни сте и агресивни
– Зелена = смирени и комуникативни.
– Сина = спонтани сте и полни со љубов кон драгите луѓе.
– Жолта = весели сте и секогаш отворени за делење совети на другите.
3. Ако прва буква ви е од:
– А до К – вложувате многу љубов во пријателствата.
– Л до Р – Се обидувате да живеете со полна пареа и љубовниот живот ви цвета.
– С до Ш – Сакате да им помагате на другите, и внимавајте затоа што често знаете да бидете наивни.
4. Ако сте родени во периодот од:
– Јануари до Март: Оваа година ќе биде многу добра за вас и ќе се заљубите во личност во која никогаш не би ви паднало на памет.
– Април до Јуни: Ќе имате силна љубовна врска која ќе трае долго.
– Јули до Септември: Многу авантури, доживувања и забава.
– Октомври до декември: Немате среќа во љубовта, но со тек на време ќе ја пронајдете сродната душа.
5. Ако одбравте:
– Црна: Вашиот живот ќе скршне од стандардниот пат, но оваа промена ќе ви одговара и ќе ве направи среќни.
– Бела: Постои личност во вашиот живот која би направила се за вас, но можеби ви треба време за да го забележите ова.
6. Оваа личност ви е најдобар пријател.
7. Ова е бројот на блиски пријатели во вашиот живот.
8. Ако одбравте:
– Езеро – вие сте лојални на вашите пријатели и во љубовта, но сепак знаете да бидете резервирани кога има потреба.
– Океан- спонтани сте и сакате да ги задоволите сите пријатели.