
Занзибар е прекрасно искуство кое би го доживеале на Индискиот океан, со фасцинантна историја за Камениот град и величенствените плажи.
Занзибар е архипелаг направен од островите Занзибар и Пемб, и неколку мали островчиња. Се наоѓа во индискиот океан, а околу 20 километри од Танзанискиот брег, јужно од екваторот. Островот Занзибар е долг околу 50тина километри а широк 15, и карактеристично е што поседува прекрасни песочни плажи и корални гребени.
Тука се наоѓа и Магичниот камен град, за кој се тврди дека е функционален антички град во источна Африка.













