Домашна крема за стапала

popara22 март, 20141min00
4

Пролетта веќе започна и време е да почнете да размислувате за вашите стапала. За нежни и здрави стапала направете мала промена и ослободете се од грубите стапала. За таа цел ви предлагаме сами да направите крема.

Потребни ви се:

  • 2 лажички восок
  • 4 лажички бадемово масло
  • 4 лажички кокосово масло
  • 2 лажички од вода од ружи

Восокот стопете го на пареа. Во него додадете ги бадемовото и кокосовото масло и мешајте силно. Додека мешате додадете ја и водата од ружи.
Треба да добиете крем смеса.

Откако кремата ќе отстои два часа во фрижидер може да се користи.

Масирајте ги стапалата со кремата после капење и секоја вечер пред легнување. За да не се избрише кремата од вашата постелнина, облечете памучни чорапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *