
Емина Јаховиќ е сигурна во победата на својот миленик Лукијан Ивановиќ. Иако многумина шпекулираат дека победата ќе ја однесе Даниел Кајмакоски убавицата тврди дека Лукијан го има тој Икс Фактор што е потребен за победа.
Се надевам дека Арена ќе биде полна и дека ќе уживаме во доброто шоу со нашите феноменални суперфиналисти. Мој фаворит за победа е Лукијан бидејќи во своето момче верувам уште од првиот ден. Тој е тој комплетен Икс Фактор што го бараме, а се надевам дека и публиката во суперфиналето ќе го препознае тоа – вели Емина, а на коментарот дека Даниел е главниот фаворит, вели:
Како што реков, многу верувам во Лукијан и неговиот триумф во првиот регионален Икс Фактор!