
Годишно дури 32 000 деца се разболуваат од туберколоза отпорна на лекови, покажаа најновите анализи на американските научници кои за прв пат даваат целосен приказ на податоците за туберколозата која тешко се лечи.
Во светот од туберколоза вкупно се разболуваат милион деца што е дупло повеќе отколку што се мислеше. Голем број деца боледуваат и умираат непотребно од туберколоза – изјавила Хелен Џенкис од Бостонската клиника каде било направено истражувањето.
Инфекцијата е тешко да се препознае кај децата поради тоа што болеста на таа возраст се манифестира поинаку за разлика кај возрасните. Болеста е предизвикана од бактерија која ги напаѓа белите дробови и се шири со контакт и искашлување.
Кај децата болеста ќе ги нападне другите органи, не мора тоа да биде плуќата – вели Џенкис, а и ако се работи за белите дробови, кај децата болеста може тешко да се улови во рана фаза со сегашните методи за дијагностицирање.
СЗО проценува дека туберколозата во 2012 се појавила кај 8,6 милиони луѓе, а од нив истата година умреле 1,2 милиони.
Од туберколозата отпорна на лекови во 2012 во светот се заразиле половина милион луѓе, а проценките зборуваат дека до 2015 ќе има 2 милиони заразени со висок ризик на смртност.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CSWrrhWdsKU
httpv://www.youtube.com/watch?v=wlOSXZMiabc