Евросонг: Сергеј трет според прегледите на Јутјуб! (видео)

popara25 март, 20141min00
Евросонг: Сергеј трет според прегледите на Јутјуб! (видео)

Претставникот на Црна Гора на овогодинешниот Евросонг, Сергеј Четковиќ можеби според прогнозите на кладилниците не се прослави, меѓутоа ако се суди според прегледите на Јутјуб, црногорскиот пејач има големи шанси добро да се пласира на престојниот натпревар.

Неговиот спот за песната “Мој свет“ во моментов на Јутјуб има 550 000 прегледи и се наоѓа на трето место, веднаш после претставникот на Австрија чија песна има 640 000 прегледи, додека прво место за сега држи Арам МР3 од Ерменија кој има неверојатни 1 260 000.

Оваа година во Копенхаген од 6 до 10 мај ќе се претстават 37 европски држави, додека Сергеј ќе настапи во првата полуфинална вечер 15ти по ред.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Xym7CQFFTOU