ПРВОАПРИЛСКА БИНГО БУМ МАГИЈА

popara25 март, 20141min00
0000

Државна лотарија на Македонија продолжува во свој дух, да ги радува среќните играчи. Во име на денот на шегата, со задоволство Ве покануваме на магија, додека уживате во вашата семејна  игра Бинго Бум.

Првоаприлското Бинго Бум ќе биде дел од емисијата Време за среќа во понеделник 31.03.2014, по 20:30 на МТВ 1.  Државна лотарија на Македонија ова извлекување ќе го реализира во забавна атмосфера под маски заедно со препознатливата Марјана, убавата Маја и секогаш интересниот Викса. Многу  забава и предизвици за добивки ве очекуваат и во овогодинешното првоаприлско издание на Бинго Бум. Подгответе се за уживање во магичните моменти.

Првоаприлското Џамбо Бинго ќе донесе можност за  автомобил Пежо 208  до  90тиот број во категоријата Џек Пот линија. Покрај оваа добивка, имате можност и за премијата Макси Џамбо од 2.000.000 денари, но и многу други вредни  добивки.

Уплатата за ова специјално коло Бинго Бум веќе е во тек низ сите продажни места ширум Македонија, обележани со знакот СРЕЌНО МЕСТО.

Почувствувајте магија, забавувајте се под маски,  со Првоаприлското Бинго Бум. Понеделник 31.03.2014,  МТВ1, 20:30 часот.