Податоците што ги украде Сноуден за американската војска денес во рацете на Русите!

popara26 март, 20141min00
11

Голем дел од тајните податоци кои Едвард Сноуден ги украде од своето работно место, веројатно денес се во рацете на руските служби, предупредуваат американските конгресмени.

95% од податоците кои Сноуден ги украл се однесуваат на американската војска. Тоа се тактички и стратешки информации за кои веруваме дека сега се наоѓаат во рацете на Русите – изјавил конгресменот Мајк Роџерс.

Русите ќе имаат голема полза од тие информации. Во тие докумети има и такви за кои сметаме дека ќе бидат злоупотребени и од страна на кинеската војска – додава истиот.

Роџерс ова го изјавил врз основа на извештајот на Пентагон каде е извршена анализа на податоците кои Сноуден ги украл, а станува збор за околу 1,7 милиони документи.

Руските агенти сега имаат детален увид во деликатните и тајни податоци за американската воена сила благодарение на Сноуден!

Сноуден во октомври голем дел од документите оставил на новинарите во Хонг Конг, пред да одлета за Москва, што значи дека и Русите и Кинезите имаат бенефит од она што Сноуден го направи.