Кој ќе биде новиот „Индијана Џонс“?

popara26 март, 20141min00
bd_indianajones2

Според Latino Review, започнале да размислуваат за идејата да го направат Индијана Џонс, американскиот Џејмс Бонд (повеќе актери да го глумат низ годините ). Составена е листа од актери со кои би ја продолжиле франшизата, а на врвот на таа листа е актерот Бредли Купер.

bredli-kuper-6

Во веста се вели и дека Френк Даработ, сценаристот на „ Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull”, последниот филм за Индијана Џонс, веќе има нова идеја за филм.

Иако сè уште се непотврдени информациите, како ви се допаѓа идејата за нови Индијана Џонс филмови и тоа со Бредли Купер во главната улога?