
Римјаните биле први кои направиле огледало од стакло. Тие верувале дека нивниот изум има потенцијал да украде дел од душата на човекот кој го користи. Ако одразот на личноста која се огледува е искривен, тогаш и нивната душа ќе биде оштетена и заробена. На цела среќа, Римјаните верувале дека нивната душа може да заздрави после седум години, но додека не помине тој период, личноста ќе ја прати лоша среќа, бидејќи нема цела и здрава душа за да се бори против злото. Во случај ако личноста сака да ја намали седумгодишната казна постојат два метода. Едниот вклучува собирање на сите делови од огледалото и ситнење додека станат прашина, а другиот подразбира закопување на парчињата огледало под дрво за време на полна месечина.