Три фактори кои предвидуваат дали ќе се омажиш или не!

popara27 март, 20141min00
4

Што е она што те прави добар материјал за брак? Изгледот? Однесувањето?

Најновото истражување го разгледува прашањето за веројатноста дали ќе се омажиш или не според три основни карактеристики: физичка привлечност, карактерна привлечност и самодоверба. Се покажало дека врз основа на овие три фактори може да се стигне до одговорот на прашањето дали ќе застанеш пред матичар или не.

Дали ве изненади резултатот? Значи, што ни зборува ова? Луѓето не се баш толку површни и поважна им е комплетната слика кога размислуваат дали моменталниот партнер е оној за цел живот. Тоа објаснува зошто оној супер секси тип или девојка кои се однесуваат како кретени се сеуште сингл.

Резултатите покажале дека овие три карактеристики меѓусебно можат и да се компензираат. Недостатокот на едната може да се намали со присуството на другата, но не и во случај кога се работи за отсуство на една од нив.

Недостатокот на совршени нозе ќе се компензира со супер фризура, но ништо од тоа нема да биде важно, доколку имате карактер со слаб квалитет.