Која е вашата боја и што говори таа за вашиот карактер

popara27 март, 20141min00
3

Дали некогаш сте се запрашале која е ваша боја? Најдобар начин да ја дефинирате е да го набљудувате своето окружување. Кога ќе процените која преовладува, тоа е ваша боја, па прочитајте што говори таа за вашиот карактер и личност.

1. Црвена – симболизира динамичност и виталност. Се користи за зголемување на енергијата и поттикнување на апетитот. Личностите кои преферираат црвена боја имаат “обвинувачки“ став. Доста се сензуални и страствени кога нешто им се допаѓа. Имаат незамислива способност за превземање ризик, склони се кон импулсивни акции и промена на расположението. Црвената боја ја преферираат спортисти, музичари и уметници.

Кога да ја користите црвената:
– Ако се чувствувате млитаво и проаѓате низ период кога ја губите енергијата
– Ако сте бремени
– Ако имате проблеми со низок крвен притисок

2. Сина – претставува искреност, смиреност, креативност, интегритет. Личностите кој ја преферираат сината се самоуверени и промислени. Плавата создава смирувачки ефект и со право се смета за ладна боја. Често ја сакаат оние кои се чувствуваат супериорно, а премногу сино може да остави впечаток на депресија, студ и тага.

Кога да користите сина:
– Ако патите од болести поврзани со уво, нос и грло
– Ако имате температура

3. Зелена – претставува хармонија, раст и рамнотежа. Личностите кои сакаат зелена се воздржани и приземни. Смирени се и имаат потреба од луѓе околу себе. По правило луѓето кои сакаат зелена не одат во екстреми, оптимисти се и размислуваат трезвено.

Кога да користите зелена:
– Aко сте песимисти

4. Жолта
Симболизира моќ, зрелост и интелект. Личностите кои сакаат жолта по правило се многу тврдоглави и склони на предрасуди. Многу често се перфекционисти и реагираат брзо. Често може да се видат богати и популарни личности кои имаат канцеларија во жолта боја.

Кога да користите жолта:
– Ако имате проблеми со кожата
– Ако тешко се концентрирате и често се наоѓате во дилема

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *