Со сопругата очекувале петорка, но на денот на пораѓајот дознале ужасна вест…

popara27 март, 20141min00
19

Еден маж од Канада кој мислел дека наскоро ќе стане татко на 5 деца, наместо тоа дочекал мошне непријатно изненадување.

Неговата девојка која му рекла дека е бремена и чиј стомак навистина пораснал, воопшто не била трудна. Тоа го дознале дента кога отишле да се пораѓа.

Пол 34 седмици бил уверен дека неговата девојка на свет ќе донесе 5 бебиња. И тој не бил единствениот кој верувал во тоа. Цел град мислеле дека оваа жена е трудна, а многумина донирале и работи за бебињата. Дури кога отишле во болница за пораѓај, дознале дека нема никакви бебиња. Никогаш и немало.

Докторите му објаснале на сопругот дека неговата жена има “фантомска бременост“. Психичко пореметување до кое се стигнува кога жената толку силно верува дека е трудна, па нејзиното тело почнува така да се однесува. Затоа нејзиниот стомак отекол како да е трудна, имала утрински мачнини, па дури почнала да лачи и млеко.

Бевме пресреќни. Нашите родители нестрпливо ги чекаа внучињата. Цел свет ми се урна – вели Пол.

Иако фантомската бременост е ретка, најчесто се јавува кај жените во доцните триесетти и раните четириесетти години кои многу посакуваат да имаат дете и се обидуваат да забременат со години, но не им успева. Подоцна психата на ваков начин си поигрува со нив.

Жената сега е на психијатриско лечење бидејќи тоа е единствениот начин жените со вакви симптоми да се вратат на нормалниот живот.