
Прво, треба да одредите дали ви е косата природно тенка или со текот на времето станала тенка. Забележете каква коса имаат родителите, видете како изгледа вашата коса на слики од детството и ако отсекогаш е тенка, тогаш тоа е вашата природна коса.
Кога косата станала тенка во одреден период
Во овој случај, тенкоста е привремена состојба на косата. Тоа се случува кога косата не добива доволно хранливи состојки или поради стрес, кога пречесто се бојадисува или кога често се подложува на хемиски третмани. Косата се тенчи и од тврда вода или недостаток на цинк. Ако препознавате нешто од ова кај себе, обидете се да смените нешто. Едно по едно, ќе го откриете вистинскиот причинител.
Грижа за коса што станала тенка
Користете помалку интензивни шампони (без сулфати), колку може поприродни или бебешки. Агресивните шампони ја чистат косата добро, но го уништуваат скалпот и влакното.
Не ја бојадисувајте повеќе од еднаш месечно. Користете поквалитетни бои, со помалку агресивни состојки во составот.
Збогатете ја исхраната со витамини (природниот начин е секогаш подобар од хемиските суплементи). Јадете повеќе бадеми, банани, млечни прозиводи, сусамово семе и семки од тиква.
Редовно користете домашни маски за скалпот и косата.
Скријте ја косата од премногу топлина и студ.
Ако косата е природно тенка
Ако природата ве дарувала со тенка коса, а тоа не ви се допаѓа, постојат две можности. Да се грижите за вашта коса добро за да не стане уште потенка или да ја скриете нејзината тенкост.
Грижа за природно тенка коса
Не ја бојадисувајте косата повеќе од еднаш месечно.
Потхранувајте ја редовно со маски (најдобро природни).
Мијте ја косата со вода претходно отстоена во шишиња, наместо директно од славина.
Користете што е можно поретко ластици и шноли за врзување.
За поголем волумен на тенка коса
Светлите бои подобро одговараат на тенка коса затоа што визуелно го зголемуваат волуменот. Избегнувајте една боја, подобро е да се бојадиса со неколку нијанси. И ова е трик за поголем волумен.
Изберете фризура на степени со максимална должина до рамената. Најлоша должина за тенка коса е во еден слој со должина под рамената. Така тенката коса изгледа уште позалепена, поради притисокот од сопствената тежина.