
Првутот е честа појава на скалпот, која се карактеризира со јадеж и појава на бели лушпи мртва кожа.
Се јавува подеднакво и кај мажите и кај жените и, иако е непријатна појава, може лесно да се контролира со некои домашни рецепти. Еве неколку начини за ефикасно справување со првутот.
Масажа со топли масла
Сувата кожа на скалпот и слабата циркулација на крвта се можни причини за појава на првут и, ако вашиот случај е таков, масажите со топло масло можат многу да помогнат. Затоплете мала количина масло за јадење или кокосово масло, додајте лимонов сок и со таа смеса масирајте го скалпот. Оставете маслото да дејствува неколку часа на главата, потоа исчеткајте ја косата и измијте ја со шампон.
Есенцијални масла за долга коса
Маслиново масло
Изобилува со квалитетни својства и е меѓу најдобрите масла за растење на косата. Содржи антиоксиданти, кои го помагаат уништувањето на слободните радикали, овозможувајќи подобра циркулација, а со тоа и задоволително снабдување на скалпот со потребните хранливи состојки. Маслиновото масло помага и за третирање на првут и сува коса.
Кокосово масло
Ова масло е уште едно на листата најдобри масла за здрав раст на косата. Кокосовото масло помага во обновувањето на природните маснотии на косата и го спречува губењето на есенцијалните протеини. Не само што го спречува опаѓањето на косата, кокосовото масло го стимулира растот на нова коса.
Масло од јојоба
Ова масло, за разлика од другите, не продира преку скалпот, но ги затвора фоликулите и на тој начин ја одржува влажност, т.е. спречува дехидратација на косата.
Масло од лаванда
Маслото од лаванда важи за најдобро природно средство за спречување на губењето на косата. Редовното користење може да покаже позитивни резултати по период од неколку месеци.
Бадемово масло
Има помалку или повеќе исти квалитети како и маслиновото масло. ? дава на косата сјај и влажност. Помага за отстранување на мртвите клетки од скалпот, овозможувајќи ? на косата слобоно да расне.
Рибино масло
И ова е едно од есенцијалните масла за раст на косата. Ја оздравува и ја обновува косата.
Масло од рузмарин
Го стимулира растењето на косата и помага против опаѓање и првут.
Масло од чајно дрво
Ова масло исто така го помага растењето на косата. Истовремено, тоа ги чисти порите на скалпот, ја негува оштетената коса, дава здрав и убав изглед.