
Колку вистински пријатели имаш всушност? Откако ќе го прочиташ овој текст ќе сватиш дека само мал број од тие што се нарекуваат твои пријатели се вистински. Затоа што вистинскиот пријател изгледа вака:
Вистинскиот пријател би требало да биде радикален:
Треба да те сака и тогаш кога си одбивен. Да те прегрне кога воопшто не заслужуваш прегратка. Да те поднесува кога си неподнослив.
Вистинскиот пријател би требало да биде фанатичен:
Треба да те бодри и тогаш кога целиот свет се сомнева во тебе.
Да ти се радува кога имаш добри вести и да плаче кога и ти плачеш.
Најважно од сè, пријателот треба да биде математичар:
Треба да знае како да ја помножи радоста, да ја подели тагата, да го одземе минатото и да ја додаде иднината. Да пресмета колку е длабочината на твоето срце и секогаш да биде поголем од збирот од сите негови делови.
Дали откако го прочита овој текст бројот на твоите пријатели се намали? Колку од нив заслужуваат да бидат наречени ВИСТИНСКИ?