Ви паѓа косата? Дознајте кој витамин ви недостасува!

popara9 февруари, 20151min00
19
  • Црвен осип на лицето (а понекогаш и на други места) и губење на косата

Ви недостасува : витамин Б7, познат како витамин за коса. Доколку јадете свежи јајца, тоа ќе ве направи ранлив, бидејќи протеинот кој е присутен во во свежите јајца, под името авидин, го спречува телото да го апсорбира биотинот.

Решение : јадете повеќе варени јајца (варењето го деактивира авидинот), лосос, авокадо, печурки, карфиол, соја, ореви, малини и банани.

  • Распукнување на кожата на усните

Ви недостасува : железо, цинк и Б-витамини, како на пример витамин Б3, Б2 и Б12. Тоа е вообичаено кај вегетаријанците, бидејќи според начинот на исхрана не добиваат доволно од споменатите материи.

Решение : Јадете повеќе блитва, кикирики, мешункасти растенија како леќа, живинарско месо, лосос, туна, јајца, школки и ракови.

Апсорбцијата на железо засилена е со витаминот Ц, кој исто така помага во борба против инфекции. Комбинирајте ги овие производи со зеленчук како што се броколи, црвена пиперка, кељ и карфиол.

 

  • Црвени или бели промени на кожата слични на акните, вообичаено на лицето, рацете, бутините и задницата

Ви недостасува : есенцијални масни киселини и витамини А и Д.

Решение : јадете помалку заситени маснотии, а транс мастите како маргаринот и билните масти, сосема исфрлете ги и зголемете го вносот на здравите масти. Ви треба повеќе лосос и сардини, јаткасти плодови како што се оревите и бадемите, како и семки и лен и коноп. За витамин А, јадете повеќе зелен зеленчук и зеленчук како морков, благ компир и црвена пиперка. Овој зеленчук има доста бета каротен, кое вашето тело го користи за да го добие потребниот витамин. Само десет минути на сонце ќе ви помогне да добиете витамин Д.

  • Вкочанетост и пецкање  во рацете, нозете или било каде во телото

Ви недостасува : витамини од групата Б, како фолна киселина (Б9), Б6 и Б12. Овој недостаток е директно поврзан со периферните нерви. Наведените симптоми можат да се јават и во комбинација со анкциозност, депресија, анемија, замор и хормонска нерамнотежа.

Решение : јадете спанаќ, аспарагус, цвекло, грав, јајца, школки, ракови и живинарско месо.

  • Грчеви во мускулите, силни болки во прстите, зглобовите, стапалата, нозете и грбот

Ви недостасува : магнезиум, калциум и калиум. Доколку редовно вежбате, можете да изгубите повеќе минерали (и витамини од Б групата кои се растворливи во вода) поради силното потење.

Решение : јадете повеќе банани, бадеми, лешници, тиквички, цреша, јаболка, грејпфрут, броколи, зеленчук со потемни листови, како што се кељ и спанаќ и листови од глуварче.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma