Кафето го штити црниот дроб

popara1 април, 20141min00
1

Ново истражување спроведено во „Mayo Clinic“ покажува дека редовното конзумирање кафе го намалува ризикот од примарен склерозирачки холангитис – автоимуно заболување на црниот дроб.

Иако е ретко, тоа е исклучително сериозна состојба.

Примарниот склерозирачки холангитис е воспалителна болест на жолчниот канал, кој се затвора и доведува до задржување на жолчни сокови во црниот дроб. Тоа, од своја страна, доведува до цироза, хепарна инсуфициенција и рак.

Се истражуваат голема група пациенти со склерозирачки холангитис и примарна билијарна цироза. На секој пациент е одбележан здрав поединец со слични физички карактеристики. Анализирајќи навиките на учесниците во истражувањето и контролната група, тимот забележува дека редовниот внес на кафе е поврзан со помала појава на хепарни болести.

Според д-р Константин Лазаридис од екипата на Mayo Clinic, откритието може да се покаже како корисно за идното лекување на болести на црниот дроб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *