Програма за целосно отстранување на целулитот

popara4 февруари, 20151min00
2

За почеток морате да одвоите време и да се погрижите за овој естетски проблем, а сè што ви е потребно ви се наоѓа на дофат на рака.

1.Вежбање

Дневно издвоите барем 30 минути за физички активности за да го поттикнете метаболизмот. Честото седење ја смалува количината на мускулна маса, претворајќи ја во масно ткиво. За да го спречите ова започнете со лесни спортски активности кои ги затегнуваат мускулите. Вежбањето е најефикасниот начин за да ја “испеглате” несаканата рапава површина. Каков било облик на редовно вежбање на подолг временски период ќе ви помогне да ги решите овие проблеми. Пливањето се смета за идеален облик за превенција во настанувањето на целулитот. Доколку сакате брзи резултати, практикувајте секој ден брзо одење.

2.Домашна хидратација

Наполнете ја кадата со топла вода и додадете антицелулитно ароматераписко масло. Во вода немојте да останувате повеќе од 5 минути! Телото измасирајте го со силен млаз топла вода, почнувајќи од стапалата па нагоре. Истото повторете го и со ладна.

3.Исхрана

За успешно да се изборите против целулитот, од исхраната исфрлете ја солената и масната храна! Избегнувајте црвено месо, масни риби, полномасни млечни производи и рафинирани продукти од житарици, односно внесувајте поголема количина на свежо овошје и зеленчук. Пазете на внесувањето на соодветна количина на течности! Најдобро е да пиете обична вода а притоа, добро е да го смените кафето со билни чаеви. Против целулитот потребно е да пиете чај од коприва, кој ја поттикнува циркулацијата и детоксикацијата во организмот. Билките кои ја стимулираат периферната циркулација како што е рузмаринот, лутите пиперки, маслото и копривата, можат да бидат одлична помош во борбата против целулитот. Состојките кои природно предизвикуваат создавање на колаген како витаминот Ц и гама-линолеинската киселина, ќе ви помогнат во обновување на кожата зафатена со целулит.

4.Антицелулитна масажа

Масажата е најбитната постапка во борбата против целулитот. Најдобро е да правите масажа кога мускулите ви се отпуштени, а во тоа ќе ви помогне кусиот, топол туш. Долгите и меки движења ја стимулираат циркулацијата на крвта и лимфата. Деловите од телото кои ви се зафатни од целулит, штипкајте ги нежно и стискајте ги, а масажата завршете ја со меки движења. Со оглед на тоа што целулитот се наоѓа на 3-5 сантиметри под кожата, нема потреба од груби движења. За масажа користете антицелулитни препарати за да ги добиете посакуваните резултати.

5.Кофеин

Кофеинот поволно влијае на разбивање на целулитот, активирајќи ги масните ткива во организмот. Нанесете талог од кафе на проблематичните делови од кожата и оставете да се исуши. За талогот да не ви се суши пребрзо и да не падне од кожата, замотајте се со најлонска фолија и оставете го да отстои десетина минути. За најдобри резултати постапката повторувајте ја најмалку два пати неделно.

6.Опуштете се

Одвојте си доволно време за опуштање. Многумина сметаат дека целулитот може да е резултат на стресниот начин на живот, па затоа во текот на денот посветете си барем еден час за себе. Направете си атмосфера во која ќе се чувствувате најопуштено.