
Авионот кој летал од Амстердам кон Бирмингем дури три пати беше удиран од громови.
Додека летал кон Бирмингем, авионот зафатил олуја со грмотевици. Во еден момент леталото било удирано од громови. Патниците слушнале бука, но не се исплашиле премногу, а не се исплашил ниту пилотот.
„Дами и господа, можеби забележавте дека авионот го удираа громови“ – со смирен тон соопштил пилотот откако авионот безбедно слетал.
Еден од патниците рече дека небото било многу темно и дека во еден момент слушнал бука, па си помислил дека нешто се случило со еден од моторите.
„Не беше застрашувачки, всушност беше многу возбудливо“ – рече патникот.
Погледнете го видеото за авионот кој беше удрен три пати од громови:
httpv://www.youtube.com/watch?v=b0hz0JvNFB8