
Кој би очекувал вакво нешто од толку конзервативна девојка? Сите знаме каков живот водат амишите, па затоа Кејт е вистинско изненадување. Прочитајте ја нејзината приказна…
Девојката по име Кејт Штолц е една од ѕвездите на реалити шоу програмата „Breaking Amish“ на телевизијата TLC. Таа пораснала во заедница на Амиши, а потоа одлучила да се пресели во Њујорк за да го види опкружувањето кое за неа било непознато.
Кејт (23) набрзо одлучила да се занимава со манекенство, а своето семејство го налутила кога снимила провокативен едиторијал за машкото списание „Maxim“. Од неодамна, оваа девојка се занимава со рекламирање на долна облека.
Кога на мојот татко би му покажала фотографија во долна облека тој веднаш би ја запалил и би ми рекол дека ќе завршам во пеколот. Амишите сметаат дека манекенството е нешто најлошо што една жена може да го работи“ – изјави Штолц.
Инаку, Кејт во текот на своето детство водела конзервативен начин на живот. Носела долги фустани, а после училиште ги хранела животните, го чистела домот и се грижела за своето семејство. Иако родителите ѝ замеруваат затоа што се занимава со манекенство и бараат од неа да се врати дома, Кејт вели дека има прекрасно семејство.
httpv://www.youtube.com/watch?v=pKMKd5xAQ8o
