Пет факти за Икс Фактор што не ги знаете!

popara1 април, 20141min00
11

За настапот на „Златна бубамара на популарноста“ Даниел требало да се појави во друг стајлинг. Носел костум од Белград, но не успеал да се пресоблече. Средбата со фановите му била најважна.

Толку озборуваните „клетви“ на Илма, која преку „Фејсбук“ ги упати на Емина Јаховиќ, ги напишал нејзиниот најдобар другар.

– Се поздравив со Емина и со Kики, но и понатаму мислам дека моите години не се изговор. Мислам дека токму сега е вистинското време за мене – вели Илма за Дневник.

Армин, еден од „докторите“ забележа на продукцијата дека во континуитет имал проблем со мониторингот, но официјално не сакаше да зборува на оваа тема.

Матрицата за темата „Најтешкото нешто“ од Тоше Проески Даниел ја добил од Ерик Фокс. Никогаш не го запознал семејството на нашата поп-легенда, но на сите три настапи ја носеше белезицата купена во манастирот „Св. Преображение“ во Kрушево, која ја добил како подарок на само неколку часа пред суперфиналето.