
Фејсбук според хороскопските знаци: Овен
Вашата фотографија на профил: Вашата фотографија на профилот ве покажува во најдоброто издание. Не е важно дали предводите група во џунгла, или трчате маратон, вашата фотографија покажува колку сте активни и веројатно го одразува она што во моментот ви е од интерес.
Апликации: Веројатно сте членови на многу групи и имате активни апликации кои многу зборуваат за вас, бидејќи на тој начин ја исполнувате вашата желба да поделите дел од себе со другите.
Фејсбук според хороскопските знаци: Бик
Вашата фотографија на профил: Вашата фотографија демонстрира љубов кон физичките работи. Многу веројатно и кон природата. Како љубител на природата веројатно на профилната фотографија сте опкружени со дрва, море или планини.
Апликации: Вие ја сакате природата, добрата закуска и парите. Вашите апликации се нешто од типот „Колку сте осамени?!”.
Фејсбук според хороскопските знаци: Близнаци
Вашата фотографија на профил: Навикнати сте на активен живот, толку активен што веројатно не сте имале време да поставите своја најнова фотографија. Ако имате слика на профилот големи се шансите да ве прикажува во разговор со други, или како на некој начин комуницирате со некого.
Апликации: Сакате да знаете што се случува во вашето опкружување. Апликациите кои што ви одговараат се соседите, врсниците и слично.
Фејсбук според хороскопските знаци: Рак
Вашата фотографија на профил: Срамежливите Ракови веројатно на профилот имаат своја фотографија од детството, или од некој член од семејството кого најмногу го сакаат. Ако имаат некоја своја фотографија на неа веројатно се опкружени со членовите од семејството, или драги личности.
Апликации: Раковите сакаат поучни апликации, Hug Me, или некои други кои ги изразуваат нивните чувства и расположение.
Фејсбук според хороскопските знаци: Лав
Вашата фотографија на профил: Вашата профилна фотографија ги покажува сите атрибути. На неа изгледате совршено. Не е реткост Лавовите да стават професионална фотографија на профилот.
Апликации: Лавовите сакаат подароци, па апликацијата Gifts е создадена за нив, како и сите други апликации преку кои имаат можност да се покажат.
Фејсбук според хороскопските знаци: Девица
Вашата фотографија на профил: Вам ви требаше извесно време за да поставите фотографија на профилот, бидејќи сакавте тоа да биде онаа вистинската. Еднаш кога веќе сте ја одбрале на неа сте веројатно со вашето милениче, му помагате некому на работа….
Апликации: Вие сте практичен знак, сакате едноставни апликации, особено зелени. Growing Gifts, нахрани ги миленичињата и слично.
Фејсбук според хороскопските знаци: Вага
Вашата фотографија на профил: Вам не ви треба многу за да пронајдете совршена фотографија за на профил. Сакате убавина и стил, па повеќето ваши фотографии можат да бидат и слики за на профил. Сепак, ако сте во врска на неа сте со партнерот, бидејќи каков би бил тој профил без вашиот сакан.
Апликации: Не можете да се изнагледате убавина, мода и романтика, па вашите апликации се од типот „На која убавица личиш?”, „Кој лик си од бајките?” и слично.
Фејсбук според хороскопските знаци: Скорпија
Вашата фотографија на профил: Поради вашата мистериозност и тежнеење кон приватноста, на профилната фотографија веројатно нема да може да ве препознаат. А ако сепак ставите фотографија таа ќе биде сексапилна, но најголеми се шансите дека тоа ќе биде дел од тело на кое не се гледа вашата глава, или ќе биде тешко да се препознае кој е на сликата.
Апликации: Сакате динамика па ви одговара апликацијата Mafia Wars. Бидејќи сте директни, но и коректни, веројатно ќе ја активирате и апликацијата „Дали би спиел со мене?”.
Фејсбук според хороскопските знаци: Стрелец
Вашата фотографија на профил: На вашата фотографија може да се види вашиот авантуристички дух. Веројатно сте во некоја странска земја, или на пат кон некое возбудливо место на сликата од профилот.
Апликации: Сакате да патувате па за вас се апликациите „Владејте со Карибите”, „Мозок што патува” и слично.
Фејсбук според хороскопските знаци: Јарец
Вашата фотографија на профил: Вашата фотографија ве прикажува како одговорна личност. Веројатно гледате директно во камерата, без гримаси, или било какви пречки, со израз полн со самодоверба.
Апликации: Важно е да знаете како некој ве доживува, па затоа ги сакате апликациите од типот „Спореди”. Сакате и да купувате па најчесто ги користите и таквите апликации.
Фејсбук според хороскопските знаци: Водолија
Вашата фотографија на профил: Никој не би се изненадил ако наместо фотографија на вашиот профил биде поставена графика, или некој слоган за кој во моментот се залагате. Во случај профилната слика да ве покажува вас, на неа најверојатно не сте сами, туку сте опкружени со семејството, или драги луѓе.
Апликации: Веројатно ги користите оние апликации кои дополнително ве поврзуваат со пријателите, или се зачленувате во групи кои подржуваат некои хуманитарни цели.
Фејсбук според хороскопските знаци: Риби
Вашата фотографија на профил: Вашата профилна фотографија е многу креативна, а на неа можеби не може да се препознаете. Можеби наместо своја слика ќе поставите некој спиритуален симбол, или нешто слично.
Апликации: Нема апликација која не ви се допаѓа, а најдраги ви се оние кои ве одвлекуваат од реалноста и водат во светот на фантазијата.