
На прв поглед ова се диви ѕверови, но благодарение на дресерите, таа успеа да ги сплоти со убавиците од нејзините фотографии.
Мечката која е симбол на сила и див инстинкт е скротена од порцеланската принцеза. Нивната интеракција е толку грациозна, што изгледа како да е фотографија испратена од некој друг свет.
Фотографиите на Плотникова се богати со мистичност, делуваат како сон и со тоа успеваат да не маѓепсаат.













