Девојка vs. Жена: Зошто едната секогаш губи, а другата добива?

popara1 декември, 20141min00

Знаете ли дека не е исто да се биде Девојка и да се биде Жена? Едната од нив секогаш го добива она што го сака, другата најчесто го губи. Едната има исполнет и среќен живот, успешна врска, другата почесто е сингл и никако да ја најде својата сродна душа. Знаете ли зошто тоа е така? Сте помислиле ли некогаш дека среќата во љубовта зависи најмногу од вас? Ако не верувате, прочитајте го текстот во продолжение и верувам дека ќе ја забележите разликата. Освен тоа сметам дека ќе ви помогне да се изградите како личност. Да бидете жена каква што мажите посакуваат. Да созреете пред се!

Девојката очекува да биде разгалена и третирана како принцеза. Жената само бара да биде третирана со почит.

Девојката упорно се труди да ве промени. Вистинската жена ве прифаќа онаков каков што сте.

Во текот на расправијата, на девојката најважно и е да биде во право. Жената се обидува да разбере.

На девојката сте и неопходни во животот. Жената ве сака во животот.

Девојката е убедена дека таа е на прво место, секогаш. Искусната жена го разбира компромисот.

Кога девојката е вознемирена, станува пасивно агресивна. Кога жената е вознемирена, наведува аргументи и причини.

Ако момчето се обиде да си земе простор за себе, девојката врши силен притисок. Жената ја користи шансата да си се посвети сама на себе.

Ако не се врати, жената знае да живее и без него. За разлика од девојката, која постојано ќе го потсетува што пропуштил.

За крај, девојките бараат љубов. Жените даваат љубов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma