
Состојки:
За тесто:
250 г брашно
150 г путер
50 г шеќер
2 лажици слатка павлака
1 лажица рум
Кора од лимон
За фил:
500 г јаболки (рендани)
50 г шеќер
30 г суво грозје
30 г шеќер
Рум, цимет
Подготовка:
Брашното измешајте го со путерот. Додадете го шеќерот, павлаката, румот и кората од лимон. Измесете го и оставете го да отстои околу еден час. Разделете го тестото на два дела и развлечете кори. Плехот за печење намокрете го со вода, ставете го едното тесто и потпечете го. Кога ќе биде готово, ставете го филот. Потоа додајте ја другата половина на тестото, избоцкајте го со вилушка и печете го се додека не добие златножолта боја. Кога ќе биде готово, прелијте го со шеќер во прав.